×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Флекс кредит - компанија со висока свесност за рамноправноста на жените, ги награди своите вработени со патување во Истанбул

    09.03.2023 10:07 | Ивана Алексовска

    Како компанија која континуирано вложува во добросостојбата на своите вработени и компанија во која бројот на вработени жени е 60% од вкупниот број на вработени, континуирано ја докажуваме битната улога на жените во општеството со тоа што работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.

    Флекс кредит - компанија со висока свесност за рамноправноста на жените, ги награди своите вработени со патување во Истанбул

    Оваа година Флекс Кредит како компанија со висока свесност за значењето на жената во нашето опшество, по повод 8 Март, реши да ги изненади своите вработени кои се припаднички на понежниот пол со еден прекрасен гест, патување во Истанбул за група од единаесет жени кои беа избрани по случаен избор.

    На останатите жени кои се дел од компанијата, Флекс Кредит додели вредносни ваучери и ветување за уште многу заеднички патувања во иднина.

    “Да си ја сакаш работата и компанијата во која работиш е сон на многу луѓе. Благодарение на нашата компанија, ние го живееме нашиот сон! Флекс Кредит за нас е емоција, а ние сме големо семејство. Благодариме на Флекс кредит за ова наградно патување’’, вели Јасна Николовска која работи на позиција регионален менаџер и интернационален бизнис тренер и е една од среќничките кои го посетија Истанбул.

    Со посветување на време и внимание на нашите вработени сакаме да бидеме пример како еден голем тим, со многу различни членови во него, од различни градови, села и населени места, различна етничка припадност и степен на образование образование, од различни возрасти и религии, може да функционира како една перфектна целина од луѓе кои заеднички се трудат да ги
    остварат своите цели и целите на компанијата.

    (ПР Текст)