Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател
30.10.2013 15:19
| KumanovoNews
Фондацијата за култура и спорт ќе добие нов претседател, откако досегашниот Гоце Божурски се повлекува од функцијата.

Одборот на фондацијата на следната седница ќе избере нов човек за оваа позиција.
На своја волја се повлекува, од лични причини бидејќи работи во Скопје и не може постојано да биде отсутен. Како што доброволно се нафатил, така и се повлекува. Работата на фондацијата не е попречена за тој период, си има директор, орган на извршување, си има членови - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.
Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово функционира три години.