×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фондацијата за култура и спорт со 15 проекти за догодина

    16.12.2015 14:09 | KumanovoNews

    Фондацијата за култура и спорт за 2016 година планира да реализира 15 проекти за што ќе бидат потрошени 2.900.000 денари.

    Фондацијата за култура и спорт со 15 проекти за догодина

    Се работи воглавно за настани и манифестации кои се реализираа и претходните години, а ќе се направат напори и за возобновување на некои културни настани.

    Ставивме неколку нови програми, каде што размислуваме да се возобнови детскиот фестивал Детелинка, театарска работилница, Денови на театар. Ние понудуваме една содржина на одредени алтернативни театри, во неколку дена од различни градови од Македонија, но и од нашите соседни држави за да направиме поголема театарска понуда во ова театарско милје кое според мене е сиромашно во градот. Затоа даваме такви програми кои се потребни. За мене е голема работа, за градот, детскиот ликовен камп кој има 5 години јубилеј, почнуваме една нова приказна со инсталирање на деца од соседните држави - изјави Нино Величковски од Фондацијата за култура и спорт.

    Величковски се надева дека ќе понудат богат и квалитетен културен живот за граѓаните, ќе го поддржат Детското градско хорче за да и во иднина има добра културна понуда во градот.

    Советниците денеска  ја изгласаа годишната програма на Фондацијата за 2016 година.