Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од неодамна во Куманово работи детско хорче во кое членуваат педесетина ученици од основните училишта “Крсте Мисирков“, “Браќа Миладиновци“ и “Кочо Рацин“.
Хорчето е формирано на предлог на Фондацијата за култура, а неговата работа усвоена од Советот на Општината Куманово. Со младите хористи волонтерски работат професорите по музика Марко и Милена Митковски.
Се надеваме дека ќе направиме успешен детски хор. Има многу талентирани деца, кои сакаат да пеат. Музикални се, ентузијасти се, доаѓаат редовно на проби што е многу важно. Ние со Милена се трудиме да им го привлечеме вниманието и да сакаат да доаѓаат на проби. Во Куманово долги години нема хор, а градски детски хор мислам дека воопшто немало - вели Марко Митковски кој раководи со хорот.
Децата имаат проби два пати неделно во Гимназија “Гоце Делчев“. Пред кумановската јавност градското детско хорче се претстави минатата недела на отварање на изложба во Центарот за култура.