Формирано пчеларско друштво „Трмка“ во Нагоричане
18.12.2015 09:05
| KumanovoNews
Во општина Старо Нагоричане вчера е формирано пчеларското друштво „Трмка“ во кое за почеток членуваат осум пчелари.

Од „Трмка“ велат дека целта им е да прераснат во сериозно друштво, да имаат барем сто членови и 1000 кошници мед.
Да имаме 10 тони мед, да извезуваме. Да бидеме сериозни производители на мед. За почеток имаме осум членови, што е доволно. Некои членови ни се од Старо Нагоричане, некои се родум од Старо Нагоричане, а живеат во Куманово - изјави Синиша Стаменковски, претседател на „Трмка“.
Стаменковски се надева дека ќе ги искористат поволностите кои државата ги нуди за да набават кошници за мед.