Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Форум за дијабетичари на 25 месецов ќе се оддржи во просториите на Општа болница Куманово.
Темата е “Како да се справиме со шеќерна болест и компликации - улога на пациентот“. Последниве две години со болни од дијабетес е направена анкета на ниво на држава и заклучоците ќе бидат искоментирани.
Предавачи ќе бидат Ирфан Ахмети од Универзитетска клиника за ендокринологија Скопје, Снежана Макреска и Исмаил Бајрами од Центарот за дијабетес Куманово, а ќе присуствуваат и матични доктори.
Организатор на настанот е Здружение на граѓани со дијабетес од Општина Куманово. Форумот ќе почне во 12 часот.