Фото клуб „Куманово“ организира бесплатна фото школа
25.08.2015 08:42
| KumanovoNews
Фото клуб „Куманово“ трета година по ред организира бесплатна фото школа.

Уписите започнуваат на 1 септември, а фото школата ќе трае девет месеци. Ќе има теорија, пракса и совладување на фото шоп.
Нема ограничување за возраст. Сите кои се љубители на фотографија, можат да дојдат да научат или да се доусовршат. Предавачи ќе бидат реномирани наши членови кои минатата година освоија награди на републичко и меѓународно ниво. Учесниците на фото школата ќе добијат дипломи - вели Владимир Јовановски од ФК“Куманово“.
Заинтересираните повеќе информации можат да добијат на мејлот [email protected].