Фото: Омилените детски ликови низ кумановските улици
03.04.2013 09:46
| KumanovoNews
Маскирани во принцези, вештерки, војници, индијанци, каубојци и ликови од омилените бајки и цртани филмови, децата од градинките и учениците од основните училишта, денеска се прошетаа на Градскиот плоштад и по кумановските улици.

Заедно со своите учителки и воспитувачки, разиграни и весели, децата го прославија Денот на шегата и уживаа во убавото време.