×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фотографи од „Куманово“ освоија награди во Прилеп

    29.12.2015 09:26 | KumanovoNews

    Фотографиите на членовите на Фото клуб „Куманово“ неодамна  беа наградени на меѓународната изложба насловена како „Photo Motion 2015”, која се одржа во Прилеп.

    Фотографи од „Куманово“ освоија награди во Прилеп

    Александар Драгишевски зема PSA Ribbon за фотографијата „Подготвување на риба за Велигден“, а Владимир Јовановски зема PSA Ribbon за фотографијата “Низ магла 02”, IAAP Ribbon за „Утринско ловење“” и „Калемегдан” и се закити со PSA сребрен медал за фотографијата „Душко на Велигден”.

    Успешната соработка со фото клуб „Куманово“ и фото кино клуб „Прилеп“, резултираше со самостојната изложба, фото проекција и предавања на познатиот фотограф од Кралството Бахраин, Фадел Алмутагхави. Во клупските простории на ФК „Куманово“ беше презентирано дел од творештвото на овој автор,  во форма на фото презентација, која беше проследена со негово кратко излагање пред членовите и курсистите - рекоа од клубот.

    Клубот годината ќе ја заврши со фото презентација на Мирсад Мујановиќ, автор од Босна и Херцеговина.