Француска забава во „Мозаик“
09.12.2015 09:54
| KumanovoNews
Во „Мозаик“ волонтерскиот центар во четврток во 19 часот, ќе се одржи француска забава.

Забавата ќе ја организираат волонтерите кои се дојдени на размена, а посетителите ќе можат да дознаат нешто повеќе за француските вина, сирења, да подготват палачинки, да играат француски танци, и да се информираат и за други работи кои се поврзани со земјата. Ова е прв пат да се организира ваков настан и ќе биде од отворен карактер.