×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Француски берачи на билки во посета на регионот

    28.09.2015 11:34 | KumanovoNews

    Берачи на билки од Долна Нормандија, Франција деновиве престојуваат во североисточниот регион.

    Француски берачи на билки во посета на регионот

    Посетата е дел од проектот “Ароматични и лековити растенија: вредност на природно наследство“, кој е финансиран од регионалниот совет на Долна Нормандија , а партнери во проектот се Рурална Коалиција од Куманово и Савуарфер Ко од Долна Нормандија, како и берачите на планински билки од општината Ранковце и Куманово.

    Целите на проектот се да искористи јавниот интерес за ароматичните и лековити растенија, да се истакне вредноста на териториите и да се зголеми свеста за важноста на биодиверзитетот. Да се подобрат вештините на производителите  берачи, преработувачи на ароматични и лековити растенија и да се цени повеќе нивното производство на локално ниво. Да се олесни создавањето на мрежа на производители, берачи и воспоставување на врска со берачи од околната средина“ - вели Трајан Димковски од Рурална коалиција.

    Во рамки на овој седумдневен престој во Македонија ке бидат посетени берачите на планинските билки од општина Ранковце, ке се одржат неколку состаноци на кои ке се разменат мислења и искуства од двата региона во Франција и Македонија.

    Се планира идната година нашите берачи на билки да ја посетат Франција.