×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Француските авантуристи со Пежо 205 пристигнаа во Крива Паланка(видео)

    11.08.2023 12:03 | Жаклина Цветковска

    Тимовите на познатите француските автомобили од моделот „пежо 205“ синоќа дефилираа во Крива Паланка,  која е дел од нивната авантуристичка рута  на патот низ 20 европски земји.  

    На караванската авантуристичката турнеја „Еуроп Раид“ (Еurop’Raid 2023) од Франција , која годинава се реализира по 8 пат, учествуваат околу 700 млади авантуристи на тркала, со вкупно 280 екипажи, кои за 22 дена поминуваат околу 8000 км.

    Сите патуваат со симпатичното француско возило пежо 205, кое истоимената фабрика го   производувала од 1983 до 1999 година.  Произведени се близу 5,3 милиона примероци. Се смета за штедлив автомибил, со примамлив изглед и со пријатно уреден ентериер.

    Крива Паланка, пак, како познат град на франкофонијата, беше домаќин на француските авантуристи  по трет пат.  По тој  повод, во училишниот двор на ООУ „ Св. Јоаким Крчовски“се одржа франкофонски музички хепенинг, а на Градскиот стадион културно-уметничка програма.  

    За основците од ООУ „ Св. Јоаким Крчовски“ гостите донираа   училишна и спортска опрема како дел од нивната мисија за меѓународна солидарност.

    Француските авантуристи патуваат во  тимови од тројца сопатници, со Peugeot 205 украсен и подготвен за авантура и за  најголемото патување во животот. Престојуваат на автентични места на повеќе од 200 етапи, 13 престолнини и 100 места на светското наследство на УНЕСКО

    Авантурата Europ'Raid трае  од 29 јули до 19 август 2023 година.

    Француските авантуристи со Пежо 205 пристигнаа во Крива Паланка(видео)