×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фрлени 30 тони сол на улиците во Куманово

    04.01.2016 09:31 | KumanovoNews

    Во текот на вчерашниот ден се фрлени 30 тони сол на улиците, информираат од секторот за урбанизам во општина Куманово.

    Фрлени 30 тони сол на улиците во Куманово

    Исчистени се улиците од прва и втора зона, мостови, крстосници, угроници и слично, а завеани села во кумановско нема бидејќи се работи за мали врнежи од снег.

    „Вчера во 3.45 часот наутро приоритет е даден на прва и втора зона, крстосници, мостови. Имаше мали врнежи од снег, некаде 3 до 5 цм. Околу 20 часот повторно машини излегоа на терен. Фрлени се 30 тони сол, а сол делува на температури од -5 степени. Во текот на денот ќе се чисти ако има потреба“-вели Момчило Јовановски, помошник раководител во секторот за урбанизам во општина Куманово.

    И од општина Старо Нагоричане потврдуваат дека кај нив нема завеани села, бидејќи има тенка снежна покривка.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје велат дека во Куманово има минимална снежна обвивка.

    „Врнежи ќе има попладне, но ќе бидат од дожд, а на повисоките планински места ќе има врнежи од снег“-рече Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

    Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози.