×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фросина Лазаревска нов координатор на регионалното ЗНМ

    16.07.2015 10:42 | KumanovoNews

    Новинарката Фросина Лазаревска синоќа е избрана за нов координатор на регионалното Здружение на новинари за североисточниот регион.

    Фросина Лазаревска нов координатор на регионалното ЗНМ

    Кумановските новинари едногласно и дадоа поддршка на Лазаревска, и сметаат дека со нејзиното долгогодишно искуство ќе придонесе за решавање на проблемите во новинарската фела.

    Самите сме свесни колку ни е деградирана професијата и како можеме да кажеме дека сме „седма сила“, кога станавме оружје за пресметување во рацете на моќниците. Toa e загрижувачки. Неопходни се промени во сите сфери на општеството, меѓутоа кај нас во новинарството се многу повеќе неопходни. Треба да бидеме малку похрабри, посмели, јавно, јасно да ги кажеме сите оние девијации што ќе се случат. Да ги посочиме, да ги разработиме, да видиме како да излеземе од нив - кажа Лазаревска.

    На новинарите им порача да ја остават суетата и повеќе да соработуваат и да се солидаризираат, за да го вратат дигнитетот на новинарството.

    Лазаревска моментално е без новинарски ангажман, но зад себе има 15 години новинарско искуство во локални медиуми и како дописник на ТВ Телма. Таа доаѓа на местото на Сузана Николиќ, која во два мандати беше координатор на регионалното ЗНМ.