×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФЗО Куманово отстапи 86 инвалидски колички на кумановската болница

    21.08.2024 14:44 | Оливера Пешевска

    Општа болница Куманово на трајно користење доби 86 инвалидски колички од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Куманово. Тие се отстапуваат за потребите на пациентите на сите одделенија во болницата.

    ФЗО Куманово отстапи 86 инвалидски колички на кумановската болница

    Се работи за веќе употребувани инвалидски колички во сосема солидна состојба, исправни за користење. Правилниците на ФЗО предвидуваат дека една инвалидска количка на осигуреник има можност да се издаде само два пати, па во депото во Куманово имало количина на инвалидски колички, за кои се исцрпени можностите за поединечно издавање.

    Ова било едно од решенијата, со кое и двете страни имаат бенефит.  

    „Секако дека ќе ни помогнат во пружање на континуирана, ефикасна и сеопфатна здравствена нега со цел да обезбедиме квалитететен и сигурен здравствен третман на нашите пациенти“,  изјави директорот на спецујакист д-р Стефан Трајановски.

    Инвалидските колички ќе бидат распределени по одделенија зависно од потребите.

    Благодарност до ФЗО Куманово и до раководителот Сашо Стошевски што излезе во пресрет на барањата и потребите на болницата изрази и главниот медицински техничар Владимир Симоновски, кој присуствуваше на примопредавањето.