Мени

Гастарбајтерите создадоа гужва на Табановце

10.01.2010 15:41 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница денеска имаше зголемен број на возила што чекаа да ја напуштат државата. Според информациите на сајтот на АМСМ за лесни возила за излез се чека од 30 - 40 минути, наместо вообичаените 15 минути.

Гастарбајтерите создадоа гужва на Табановце

Возачите се жалеа дека чекаат и подолго.

Од граничниот премин рекоа дека гужвите ги создале гастарбајтерите што ја напуштаат државата по Новогодишните и Божиќни празници. Колоната е долга околу 1 километар, но пасошката и царинска контрола се одвива нормално, па тие очекуваат до попладневните часови сообраќајот да се нормализира.