Гeоргиевска : Нека проработи свеста кај власта
Стечајците вчера во Скопје имале средба со опозициските партии кои им ветиле дека по четврти пат ќе поднесат Предлог закон за обештетување на стечајци и технолошки вишок до Собранието.
Од понеделник тие ќе преземат мерки за ова прашање да се најде пред пратениците.
Секоја година беше поднесуван по еден Предлог закон. Оставивме простор и за Владата на Република Македонија да го реши овој проблем, меѓутоа имаме статус кво. Тие сметаат дека ќе ни здосади и ќе се откажеме, ама гладен народ нема што да изгуби. Одиме се до исполнување на барањата. Протести ќе има неминовно. Се соочивме со контрапротести што нас многу не не засега. Јасно ни е штом Груевски не може нешто да реши, праќа луѓе да прават контрапротести - вели Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Таа се надева дека конечно нивниот проблем ќе се реши бидејќи седум години си ги бараат правата загарантирани со Устав, а три ипол години народните избраници одбиваат да изгласаат закон со кој оваа категорија ќе биде обештетена. Георгиевска потенцира дека тие се избркани од работа, и повеќето имаат над 15 години работен стаж.