×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Германка криумчарела марихуана и магични печурки

    05.11.2014 14:40 | KumanovoNews

    Царинската управа поднесе кривична пријава против германска државјанка, затоа што се обидела да криумчари марихуана и магични печурки.

    Германка криумчарела марихуана и магични печурки

    Осомничената во октомври годинава на граничниот премин Табановце  како патничка во автобус, се пријавила за излез од Република Македонија. При детален преглед на автобусот, зад возачкото седиште во зоната која е означена како место за пушење цигари, во хартиена кеса биле пронајдени режан тутун, филтри за цигари и хартија за виткање на тутун, како и еден женски паричник во кој биле ставени две зипер кесички со марихуана во помала количина. При детален претрес со царинско куче, во горниот дел од автобусот, во еден од креветите кои патниците ги користат за спиење, завиткана во јорган била пронајдена една стаклена тегла наполнета со 4 магични печурки кои според вештачењето претставуваат психотропна супстанца со халуцинигено дејство. По спроведените предистражни дејствија, инспекторите од Одделението за истраги, констатираа дека режаниот тутун, марихуаната и магичните печурки се сопственост на обвинетата. На неа ѝ е изречена алтернативна мерка – условна осуда со која и се утврдува казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, која нема да се изврши доколку обвинетата за време од 3 години не стори ново кривично дело и казна – протерување на странец од земјата и забрана за влез во траење од една година.