Германски државјанин во Куманово фатен со канабис сатива
17.11.2014 14:54
| KumanovoNews
Во домот на германски државјанин, кој престојувал во Куманово, се најдени семки од канабис сатива, растенија канабис сатива и мешавина од тутун и марихуана.

Кај Х.С.(18) државјанин на Германија со нерегистрирано живеалиште во Куманово, полицајци месецов извршиле претрес при што нашле 314 грама мешавина од марихуана и тутун, 105 семки канабис сатива и две растенија канабис сатива.
Кумановската полиција против Х.С. поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори.