Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици и професори од Гимназија “Гоце Делчев“ на 21 месецов ќе одат во посета на збратимено училиште во Крушевац, Србија каде ќе го презентираат културното наследство.
Фотографирани се сите културно - историски споменици кои ги имаме во нашиот град, направена е презентација. Учениците ќе ги презентираат културните наследства на двата града. Ќе има и спортски активности. Збратимени сме од пред две години со училиште од Крушевац кое има паралелки од повеќе профили - изјави Љубиша Николиќ, директор на Гимназија “Гоце Делчев“.
Гимназија “Гоце Делчев“ е збратимена со училишта од девет земји.