×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалците со најдобри резултати на државна матура

    10.07.2013 13:40 | KumanovoNews

     На плагањето државна матура најдобар успех покажале учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ каде сосема мал број паднаа и ќе полагаат во вториот рок.

    Гимназијалците со најдобри резултати на државна матура

    Во ова училиште оние кои полагале македонски јазик и литература, француски, руски и математика положиле, а 5 деца не положиле англиски јазик и шанса да полагаат имаат на 13 и 15 август.

    Во СОУ “Перо Наков“ македонски јазик полагале 141 матурант од кои 139 положиле. Англиски јазик полагале 110 ученици и од нив 90 положиле. Седум ученици полагале руски јазик и од нив само еден не положил. Од четворица ученици само еден ученик положил француски јазик. Од СОУ“Перо Наков“ потенцираат дека за разлика од лани годинава резултатите се подобри.

    Во нашето училиште 9 матуранти полагаа македонски јазик и литература и сите положија. Англиски јазик 3 ученици положија и 2 паднаа. Математика полага 3 и сите паднаа, а француски јазик полагаше 1 ученик и тој падна - вели Горан Јовановиќ, директор на “Киро Бурназ“.

    Во СОУ “Наце Буѓони“ македонски јазик полагале 146 ученици и сите положиле. Англиски јазик полагале 102 ученика и положиле 81. Француски јазик полагале 16 ученици од кои само 4 положиле. Тројца ученици полагале германски, а петмина руски и меѓу нив нема ученици кои паднале. Основно ниво математика од 21 ученик положиле 15, а 6 паднале. Од албанските ученици 234 полагале албански јазик и само еден паднал, а англиски полагале 190 ученици од кои само 5 паднале.

    Училиштата вчера ги добија резултатите, но сеуште немаат ранг листа за да видат како котираат на ниво на Македонија во однос на другите средни школи.