×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалки освоија трети места на Олимпијада по англиски јазик во Италија

    03.06.2024 09:37 | Теодора Стоевска

    Ива Пешевска и Мила Смилевска, ученички во втора година во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, освоија трети места на престижната Меѓународна олимпијада по англиски јазик Hippo „English without Borders“, која се одржа од 21 до 23 мај во Лидо ди Јесоло, Италија.

    Гимназијалки освоија трети места на Олимпијада по англиски јазик во Италија

    На натпреварувањето учествувале ученици од целиот свет од 6 до 19 години. Од Македонија имало 26 ученика, а само Мила и Ива освоиле награди.

    Ова претставува огромен успех и за нив и за нивната професорка по англиски јазик Елена Марковска, како и за училиштето кое достоинствено го претставиле.

    „Гимназија „Гоце Делчев“ се гордее со нив, како училиште секогаш пружаме поддршка за вакви талентирани ученици. Тие се извонредни и на државно ниво, учествуваат и земаат награди и на натпреварите организирани од ЕЛТАМ. Инаку се прекрасни ученички, исполнителни и трудољубиви. Љубопитни се да ги следат сите новости во англискиот јазик, а кој брзо се менува во денешното време на севкупна поврзаност на интернет, па тоа им е предизвик плус. Навистина е задоволство да се работи со вакви млади луѓе“, вели професорката Марковска за своите ученички.

    Мила вели дека ова е нејзино трето учество на Хипо натпреварот и дека континуирано се подготвува за истиот, бидејќи англискиот јазик не се учи одеднаш.

    „Тестовите беа креативни и секако имаа своја тежина со цел да го искажеме нивото на познавање на англискиот јазик. Бидејќи ова беше натпревар од европски ранг, секако дека постоеше трема, но истата брзо ја надминав поради тоа што ова ми беше третото учество на Хипо ЕК натпревар. На овој натпревар имаше многу учесници од цела Европа и сум задоволна со својот резултат, бидејќи да се биде трето место на Хипо 5 е голем успех“ посочи таа.

    За Ива, пак, ова е прво учество на овој натпревар, а поради наградата добила голема мотивација да продолжи да се натпреварува.

    „Ми беше чест да сум претставник на мојата држава. Не беше лесно, но заедно со мојот ментор се подготвивме и се надевавме на добар резултат. Ова е моето прво учество на eвропско ниво, но сега се чувствувам подготвено и мотивирано да учествувам пак. Мојата желба е уште повеќе да го проширам познавањето на англискиот јазик и да запознам мои врсници од Европа и светот“ истакна Ива.

    Инаку, натпреварот оваа година се одржа по 12 пат, има неколку фази, прво прелиминарна рунда, а потоа финале на државно ниво во кое се квалификуваат само оние  врвните 10% од покажаните резултати во прелиминарната рунда. Тогаш учениците се упатуваат на регионални квалификации, во овој случај тоа се европските, кои се одржуваат во месец мај во Лидо ди Јесоло, Италија. Победниците од секоја рунда потоа се дел од Светското финале за кое се надеваат дека ќе бидат дел побрзо.