Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во гимназијата „Гоце Делчев„ денеска се одбележаа 107 години од загинувањето на македонскиот револуционер и хуманист Гоце Делчев и 65 годишнината од постоењето на оваа училиште.
Да се зборува за животот и делото на нашиот патрон Гоце Делчев е навистина голема почит и гордост,но истовремено е и голема обврска. Делото на нашиот херој Гоце Делчев, како и на сите револуционери кои ги положија животите за нашата Македонија не прави горди и секогаш на вакви денови не обврзува да се потсетиме на нивната храброст и пожртвуваност- рече директорот на гимназијата Љубиша Николиќ.
Тој нагласи дека училиште успешно се справува со сите предизвици,но потсети и на резултатите на учениците од оваа училиште.
Тие денеска се на некоја функција, но не го заборавиле училиштето, туку напротив ни помагаат да функционираме поуспешно и да ги оствариме зацртаните цели- нагласи Николиќ.
По овој повод празникот ученици од гимназијата, прочитаа наградените трудови на темата ликот и делото на Гоце Делчев. Свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер, покрај од училиштето,положија и претставниците од Општината, Здружението на борци, невладините и граѓанските здруженија.