×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијата „Гоце Делчев“ ги запозна деветооделенците со наставните програми

    06.05.2023 09:47 | Оливера Пешевска

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово се одржа „Отворен ден“ наменет за запознавање на деветоделенците со програмите и насоките кои се изучуваат во училиштето, како и за можностите што се нудат во рамките на вонучилишните активности.

    Гимназијата „Гоце Делчев“ ги запозна деветооделенците со наставните програми

    За упис во новата учебна година има место за 300 ученика, распоредени во 10 паралелки, меѓу кои и билингвални и паралелки со настава на јазикот на етничките малинства.

    „Имаме билигвалната паралелка на македонски и француски јазик, како и една паралелка со 30 ученици во која се изведува настава на српски јазик која функционира веќе 2 години,а од оваа година се доделува и стипендија за сите ученици. За нас успех е кога ќе видиме како напредуваат нашите ученици во животот, а дел од нив веќе се професори на реномирани универзитети низ Европа“, изјави директорката на Гимназијата Марија Тодоровска.

    На отворениот ден во Гимназијата присуствуваа и амбасодорите на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија и на Франција Сирил Бoмгартнер.

    Во рамките на настанот учениците изведоа омаж на француската култура и беше промовирана стихозбирка на шпанска писателка.

    Во училишниот двор имаше дефиле на олдтајмери,стари авотомобили, што предизвика интерес и кај пошироката јавност.