Го истепале рано сабајле во центарот на градот
03.07.2014 11:26
| KumanovoNews
Неколкумина кумановци натепале сограѓанин на улицата “11 октомври“ во центарот на градот, а потоа му ја скршиле и колата.

Инцидентот се случил пред неколку месеци околу 6 часот наутро, кога Г.И.(36) од Куманово физички го нападнал В.М.(33). При тоа го удирал клоци и тупаници, а го мавнал и со тврд предмет и му нанел телесни повреди. Во тепачката се вмешале и Д.М.(39), М.М.(30) и А.Б.(20) кои исто така се нафрлиле врз Г.И. и го удирале со тупаници. Потоа му го скршиле и автомобилот “југо“.
Д.М., В.М, М.М. и А.Б. ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.