Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Р.И.(22) и М.А.(19) двајцата од Куманово го претепале Е.Љ.(16), бидејќи должел пари за мопред што го купил.
Инцидентот се случил пред два дена кога Е.Љ. заедно со негов другар поминувале на ул.„Ленинова“ и се сретнале со Р.И., кој побарал да му ги врати парите што му ги должи. Настанала кратка караница, по што момчето си заминало. Но насилниците тргнале по него и на улицата “Борис Кидрич“ го стигнале и физички го нападнале, удирајќи го со рачка од нож и тупаници во пределот на лицето и телото. Од ударите Е.Љ. паднал на земја, по што му се нафрлил и М.А. удирајки го со тупаници по телото. Откако случајни минувачи му помогнале да стане Е.Љ. избегал од лице место и се јавил во Општа болница Куманово заради укажување на лекарска помош. Насилниците се приведени и истражен судија им одредил куќен притвор во траење од 30 дена. Инаку, Р.И. е познат сторител на кривични дела за што му се поднесувани кривични пријави за “грабнување“, “недозволена трговија со оружје“ и “предизвикување општа опасност“.
Двајцата насилници ќе одговараат за насилство.