Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во петок во 19.30 часот, Детскиот младински ансамбал “Срма“ од Куманово ќе одржи годишен концерт.
На концерот ќе настапат и педесетина играорци од Прокупље, од соседна Србија.
“Годишниот концерт е заокружување на една работна година. Програмата ќе трае два часа и ги повикувам љубителите на фолклорот да присуствуваат. Ние ќе настапиме со македонски ора, гостите со нивни ора и ќе биде тоа една убава заедничка програма“-вели Марјан Бошковски, кореограф во “Срма“.
“Срма“ во просек годишно реализира дваесетина домашни и четири меѓународни настапи.