Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почнувајќи од вчера 224 граѓани во Центарот за јавно здравје Куманово примиле вакцина против сезонски грип.
Одзивот на граѓани е голем и се препорачува хронично болните и постарите лица од 60 години да ја примат вакцината за заштита од грип. Центарот за јавно здравје Куманово набави 2000 дози вакцини од холандско потекло, што е за 500 дози повеќе од лани.
Еден дел 300 дози ќе бидат за подрачните служби во Кратово и Крива Паланка, а останатите за регионот на Куманово и општините кои ги покриваме. Како и минатата година и оваа година вакцината е од холандско производство. Цената исто како минатата година е 400 денари. Децата по 36 месеци можат да ја примат вакцината по препорака на педијатар - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.
Стаменковска препорачува граѓаните вакцината да ја примат навреме за да се создаде имунитет.