Голем пожар над Куманово
31.07.2013 16:52
| KumanovoNews
Голем пожар попладнево избувнал во атарот на селата Пчиња и Романовце.

Според информации од противпожарната единица Куманово, пожарот избувнал околу 16 часот во местото Краста во близина на депонијата и многу брзо се проширил во околните ниви кон селата Романовце и Пчиња. При тоа зафатил магацин со пластика во напуштени штали на ЗИК и слама, а постои опасност да ги зафати и околните викендички.
Огнот сеуште го гаснат повеќе екипи на пожарникари, но дополнителна тешкотија претставува силниот ветер кој постојано го разгорува огнот. Густиот чад можеше да се види и од автопатот.