×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема посетеност од дечиња и родители на фестивалот „Куманум“ (фото)

    11.10.2024 16:54 | Оливера Пешевска

    Жонглери и аниматори, популарни ликови од цртаните филмови и детски песнички во рамките на фестивалот „Куманиум“ го наполнија Соколанскиот парк со дечиња и родители.

    Голема посетеност од дечиња и родители на фестивалот „Куманум“ (фото)

    Тие имаа можност да уживаат во едночасовна забава на отворено, а и пријатното, есенско време одеше во прилог на големата посетеност.

    Присутните ја поздравија идејата за организирање на еден ваков настан, сметаат дека почесто треба да се одржуваат, имаше и мали забелешки кај некои од нив.

    „Многу убав и весел настан, ама помалите деца не можат да се пробијат и да набљудуваат што се случува кај аниматорот. Можеби би требало да се тргнат родителите на страна или пак да се организира во некој вид на амфитеатар, така сите целосно би уживале“, смета една мајка.

    Од Фондацијата за култура и спорт велат дека на спортското игралиште со трибини се монтира бината за Гитаријадата и Арт Атак фестивалот, па затоа паркот во Соколана е избран за детската забава.

    Настанот беше во организација на Фондација за култура и спорт „Куманово“, а под покровителство на  Општина Куманово, со средства во висина од 155 илјади денари.