Мени

Горан Трајановски нов оперативен директор на Македонски телеком

08.12.2017 11:56 | KumanovoNews

Кумановецот Горан Трајановски ќе ја извршува функцијата главен оперативен директор на Македонски телеком.

Горан Трајановски нов оперативен директор на Македонски телеком

Горан Трајановски е избран за неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Трајановски е магистер по индустриски менаџмент, дипломиран инженер по електроника и телекомуникации, искусен телекомуникациски  експерт со долгогодишно практично искуство во областа.

Во Македонски телеком, работел на позиција програмски директор, одговорен за реорганизација на компанијата, а предходно раководел со одделот за поправки.

Трајановски е кадар на  СДСМ, беше член на Комисијата за информатичко општество.

Основач е на IP Home & Office и живее и работи во Скопје.