Гореле куќа, оџак и фритеза во Куманово
29.11.2019 07:41
| KumanovoNews
Три пожари се регистрирани во Територијалната противпожарна единица во Куманово, во изминатото деноноќие.

Првата интервенција била околу 14 часот на ул.Илинденска во сендвичара на запалена фритеза. Во вториот случај пожарникарите гаснеле запалена куќа во нас. Пуковска во периодот од 18 до 20.30 часот. Причинета е материјална штета, а сеуште не е позната причината за пожарот.
Третата интервенција била на ул. Славиша Вaјнер на запален оџак околу 19 часот.