„Горење“ ја носи атмосферата од Светското првенство во фудбал директно во вашиот дом
Со почетокот на Светското првенство во фудбал 2026, домовите ширум светот повторно станаа места за собирање, навивање и заедничко уживање во најголемите фудбалски моменти.
„Горење“, како официјален партнер на натпреварувањето, повторно излегува на најголемата фудбалска сцена во светот — но овојпат со фокус на сè што се случува надвор од стадионите: дневни соби полни со друштво, кујни каде се подготвуваат грицки за натпревар и малите ритуали без кои нема вистинско навивање.
Додека најдобрите репрезентации во светот ќе се борат за трофејот, „Горење“ сака да им овозможи на навивачите секој гол, секоја одбрана и секој важен момент да ги доживеат максимално опуштено, без грижа за секојдневните ситници. Затоа што најголемите фудбалски моменти се најубави кога се споделуваат — дома, со најблиските.
Кога технологијата ја олеснува навивачката еуфорија
Повеќе од 75 години, „Горење“ развива апарати за домаќинство кои го поедноставуваат секојдневниот живот, комбинирајќи модерен дизајн, напредна технологија и долготраен квалитет. Одржливоста и енергетската ефикасност остануваат важен дел од филозофијата
на брендот, па затоа уредите се дизајнирани да ја намалат потрошувачката на енергија и да ја олеснат секојдневната рутина.
За време на летните вечери исполнети со фудбалска тензија, токму овие детали прават разлика. Од подготовка на храна и разладување на пијалаци, до мраз подготвен за прослава по гол — Gorenje апаратите за ладење овозможуваат фокусот да остане на натпреварот и дружењето со семејството и пријателите.
Фрижидери подготвени за големи фудбалски вечери
За поголеми собирања и навивачки вечери дома, моделот NRK6192AXL4 самостоен комбиниран фрижидер нуди голем капацитет — доволно простор за сè што е потребно за време на маратонско следење натпревари. Благодарение на Total NoFrost системот, нема
создавање мраз ниту потреба од одмрзнување, додека интелигентниот AdaptTech систем ги следи навиките на корисникот и автоматски го прилагодува ладењето, за храната подолго да остане свежа со помала потрошувачка на енергија.
За љубителите на организирани и функционални кујни, вградниот комбиниран фрижидер NRKI418EP1 нуди зголемен капацитет и NoFrost систем кој спречува создавање мраз и мешање на мириси. Големата фиока за овошје и зеленчук CrispZone е дизајнирана да ги
зачува хранливите вредности и да ја продолжи свежината на намирниците, благодарение на пониската температура која го одржува нивниот квалитет подолго време.
Специјални промоции за време на FIFA World Cup 2026™
Со започнувањето на Светското првенство во фудбал, секој натпревар станува повод за собирање, дружење и создавање спомени. Со внимателно дизајнирани Gorenje апарати кои го поддржуваат секој чекор — од подготовка на храна до прослава по победата — навивачите можат без пречки да уживаат во фудбалската еуфорија.
Дополнително, во Алфи Техноцентар, за време на првенствотот се достапни и специјални промотивни понуди за Gorenje NoFrost фрижидери со подарок пакет Coca-Cola Zero, со цел подготовката на домот за најголемото спортско лето да биде уште поедноставна.
Комерцијален текст*