Граделе зграда на “диво“ оштетиле водоводна цевка
        01.04.2014 16:08
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановци граделе зграда на “диво“ при што оштетиле водоводна цевка од градската мрежа.
                  И.С.(57), Е.И.(42), А.Д.(26), М.Д.(19), И. Т.(57), В.М.(25) и К.М.(32) во текот на јули 2013 година, без да обезбедат одобрение за градење, решение за согласност и дозвола за прекоп и расчитување на теренот од јавни инсталации во парцелата каде граделе семејна зграда во Куманово, оштетиле водоводна азбесна цевка од градската водоводна мрежа и ги поплавиле подрумите на соседната зграда.
Сите ќе одговараат за “бесправно градење“, а В.М. и К.М. се пријавени и за „уништување или оштетување јавни инсталации“.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



