Мени

Градежен работник паднал од куќа и тешко се повредил

09.07.2018 08:38 | KumanovoNews

Градежен работник паднал од куќа на која работел и со сериозни повреди е пренесен на скопските клиники

Градежен работник паднал од куќа и тешко се повредил

Несреќата се случила вчера во 12.50 часот, на улицата „Денко Драганов“ во Куманово, кога работникот паднал од куќата во изградба.

Тешко повредениот човек бил пренесен во Кумановската болница, но поради сложената здравствена состојба итно бил префрлен на понатамошно лекување на клиниките во Скопје.

Случајот во полиција го пријавиле од амбулантата на Итна помош-Куманово, соопштуваат во Регионалниот центар за управувањ со кризи (РЦУК).