Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со организиран превоз утре во 4.45 часот од пред хотел “Кристал“, граѓаните ќе тргне кон опсерваторијата Кокино каде ќе се оддржи манифестацијата “Бдеење на кокинските мугри“.
Секоја година стотина граѓани, гости, поети ја посетуваат оваа манифестација. Во оваа форма манифестацијата ја правиме петта година по ред заедно со Музеј Куманово и Друштво на писатели Куманово. По завршувањето на програмата на Кокино заминуваме за Пелинце во Меморијалниот центар каде што ќе има освежување, пригоден појадок со пита, сирење, кисело млеко. Гостите ќе се претстават на поетски митинг, а потоа се оди во посета на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура во Општина Куманово.
На настанот ќе учествуваат педесетина поети од повеќе градови, а актерот Тихомир Стојановски ќе изведе обред на опсерваторијата.