Граѓани и полицајци ќе патролираат заедно
07.08.2014 12:13
| KumanovoNews
Граѓани и полициски службеници утре во 10 часот ќе патролираат заедно во рамки на проектот “Соседски патроли“ кој го реализира отсек за превенција при СВР Куманово.

Патролирањето ќе го започнат на Градскиот плоштад, а потоа ќе поминат кај Спортска сала, населба Карпош и во месна заедница „11 октомври“. Целта е да се поттикне соработката меѓу граѓаните и полицијата, да се зголеми безбедноста и да се помогне во откривање на кривични дела. Ова е прво вакво патролирање во кое ќе учествуваат претседатели на месните заедници, граѓани и луѓе од локалниот совет за превенција.