Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачно одделение Куманово, ги потсетуваат граѓаните за престојниот празник и продолжениот викенд да внимаваат да не предизвикаат пожар додека престојуваат во природа.
Поради високите температури апелираме до граѓаните: да не палат огин во шуми, на отворен простор и на необезбедени места. Да не фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Да не палат отпад и да не фрлаат остатоци од цигари. Да не превземаат било какви други активности кои можат да доведат до настанување пожар во шумите и на други отворени простори.- се вели во соопштението.
Во случај на пожар кој што граѓаните не можат да го локализираат или изгаснат, навремено да известат на бесплатните телефони 193 Територијална противпожарна единица, 192 Полиција или 195 Центар за управување со кризи.