Граѓаните да внимаваат при употреба на плински боци
Граѓаните да внимаваат при употреба на плински боци, советуваат од Општинскиот противпожарен сојуз Куманово откако во државата имаше неколку пожари предизвикани од запалени боци.

Во многу домаќинства готвењето на боца се практикува за да се заштеди. Ивица Јовановиќ, специјалист за заштита од пожари од Општинскиот противпожарен сојуз вели дека боците треба да се купуваат на бензински пумпи, а не на пазар за да купувачот биде сигурен за исправноста и квалитетот. Кога се готви на боца не треба да се напушта просторијата и не треба да има деца во близина.
Децата треба да бидат најмалку 1 метар оддалечени од боцата. Вентилите на боцата треба да бидат завртени на надвор. Има сигурносен вентил кој треба да биде завртен на надвор, за да нема повредени ако се случи пожар. Боците за замена да се чуваат во друга просторија или во гаража. Граѓаните сами да не монтираат ништо, туку тоа да го направи стручно лице. Ако дојде до пожар да не ја гаснат заплената боца сами, туку да повикаат пожарна - објаснува Јовановиќ.
Боците не смејат да се доближуваат до други грејни тела за да дојде до пукање.
Од експлозија на плинска боца лани и годинава се запалија куќи во кумановско Долно Којнаре, во скопско Драчево и зграда во Прилеп.