×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните разочарани затоа што ќе нема дочек на плоштад

    17.12.2015 10:21 | KumanovoNews

    Граѓаните се разочарани затоа што ќе нема организиран дочек на Градскиот плоштад за Нова година.

    Граѓаните разочарани затоа што ќе нема дочек на плоштад

    Според нив прослава треба да има, макар организирана со помалку средства и со домашни музички ѕвезди. Повеќето анкетирани граѓани одговорија дека Нова година досега барем еднаш  ја чекале на плоштад, забавувајќи се со ѕвездите од екс југословенските простори.

    Тања Пешиќ, граѓанин

    Јас сум била за Нова година на плоштад кога настапуваа Дивље јагоде и беше прекрасно. Таа вечер не е важно дали има многу луѓе или не, сепак се создава убава атмосфера. Во многу помали градови од Куманово почнаа да организираат дочек и зошто ние да изостанеме оваа година, зошто да ни биде ускратена една таква прослава? Не е во ред.

    Стојан Димитриевски, граѓанин

    Би требало да има дочек на плоштад. Не би требало да ја испуштат оваа Нова година од општината, а да не организираат ништо. Јас претходните години излегував на плоштад. Во другите градови има дочек организиран.

    Весна Спасовска, граѓанин

    Убаво е, мене ми се допаѓа и досега сум излегувала. Имаше убава музика, беше многу убаво. Сега си знаат од општината најдобро како да направат. Ако има дочек секако би отишла, а ако нема тогаш ништо, ќе си седиме дома.

    Маја Крстевска, граѓанин

    За сите и за млади и за стари треба да се направи дочек на плоштад. Штета е што нема да има ништо. Досега сум била и овде и во Скопје на плоштад. Убаво е луѓето да се забавуваат таа вечер.

    Ферди Мецановски, граѓанин

    Според мене би требало да има дочек. Тоа е убаво, луѓето да се забавуваат. Не е интересна Нова година ако нема музика. Секоја Нова година сум на плоштад и ми се допаѓа. Штета е ако нема дочек.

    Петар Николовски, граѓанин

    Треба да се украси плоштадот, се ближи Нова година. Зар од Куманово нема млади што пеат, групи, па мора ли балкански ѕвезди? Или нека биде некој и од Скопје. Треба да се одбележи и луѓето кои не одат никаде ќе се соберат и ќе слават. Сега не е време за луксузирање многу.