Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам организираше средба со граѓаните што имаат нерешени прашања од областа на урбанизмот и градежништвото. Целта на овие работни посети е да се разгледаат предметите на граѓаните што заглавиле во локалната самоуправа.
Ние разговараме за конкретни отворени прашања од областа на урбанизмот и градежништвото, почнувајќи од обезбедување на основната техничка документација, добивање на решение за локациски услови, одобрение за градење, па се до неизвршување на донесени управни акти. Нашата обврска е да го разгледаме предметот, по потреба од стручните служби да дадеме насока како полесно да се разреши проблематичната ситуација, која понекогаш одзема недели и месеци, а за жал во некои случаи и години. Граѓаните се со најразлични барања, секој со свој проблем со своја ситуација- вели директорот Сашо Дуковски.
Граѓаните од Куманово најчесто имале забелешки во врска со работата на Локалната самоуправа и Оделот на градежништвото и урбанизам.
За сите поднесени барања и забелешки разговаравме со Секторот за урбанизам и со инспекијата за да видиме зошто има застој за овие предмети. Нашата задача е да ги разрешиме тие ситуации, по можност веднаш - нагласи директорот.
Од Инспекторатот велат дека соработката со општините е на задоволително ниво, бидејќи локалната администрација увидела дека нивната функција е пред се едукативна и корективна, а никако репрсивна.
Државен инспекторат за градежништво и урбанизам,отворени денови за граѓаните организира и во своите простории во Скопје, а секоја втора недела во месецов стручни лица заминуваат во еден град во внатрешноста.