×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ ги анимира кумановци

    31.10.2015 14:12 | KumanovoNews

    Активисти преку граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ денеска  на Градскиот плоштад ги анимираа граѓаните да ги кажат своите проблеми и да ја подигнат свеста дека е потребна подобра живеачка во земјава.

    Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ ги анимира кумановци

    Два пати неделно во рок од еден месец со штандови претставниците на оваа акција ќе бидат присутни на терен во градовите низ Македонија.

    Ние веруваме во граѓанските капацитети на нашето општество, веруваме во разумноста на нашите граѓани и тргнувајќи од нашето право заслужуваме подобро, бараме итни промени во начинот на кој се управува државата, подобра живеачка и подобри услови за живеење во нашите градови и села. Со нашите активности ќе ја исполниме онаа празнина која се создаде помеѓу политичарите и договорот од Пржино од една страна и секојдневните потреби и проблеми на граѓаните“- изјави Сања Богатиновска од “Заслужуваме подобро“.

    Таа вели дека граѓаните имаат право да ја коментираат политиката , затоа што нивното секојдневие е политика. Богатиновска додаде дека на народот му се потребни повеќе работни места, мир, слобода, кина, театри.

    Активистот Љуми Бекири  вели дека целта е да се подигне свеста кај граѓаните дека тие ги бираат политичарите и заслужуваат подобро.

    Ние бираме и ние сметаме дека заслужуваме подобро бидејќи самите избираме. Заслужуваме подобро здравство, здравство што ќе не лекува, а не што ќе не заразува и што ќе умираме секојдневно по нашите болници. Заслужуваме подобро образование, повеќе школи, градинки, со поголем квалитет и квалитетно образование, а не експерименти во образованието кои што произлегуваат од лошите реформи. На крајот на краиштата заслужуваме чесна власт - кажа Бекири.

    Активистите на „Заслужуваме подобро“ разговараа со граѓаните и им  поделија флаери во кои се образложени нивните барања за подобар живот. Иницијативата ја спроведува и поддржува неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија”.