Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски очекува да биде кандидат за градоначалник на СДСМ и на локалните избори догодина, и да добие подршка од граѓаните за уште еден мандат.
Ако даде Господ здравје, мислам дека сум еден од најсериозните кандидати, и мислам дека повторно ќе бидам кандидат за градоначалник, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, на вчерашната прослава на Градскиот плоштад во Куманово на годишнината од формирањето на СДСМ.
Градоначалникот е оптимист дека и на наредните избори Куманово ќе остане бастион на СДСМ, бидејќи по неговите сознанија и активности на терен, како и според моменталните политички анализи, СДСМ, како и досега, добро е примена од народот, и е во предност пред политичките опоненти на локално ниво.
Самата оваа раздвиженост и во контакт со граѓаните на Куманово, и она што непосредно го правиме во сите месни организации, укажува дека она што сме го работеле во изминатите 7 години го препознаваат граѓаните и го подржуваат, и даваат широка доверба. Се надевам дека политиката на СДСМ и натаму ќе опстојува на овие темели и заеднички ќе го градиме просперитетно Куманово- изјави Дамјановски.