×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот дава подршка за изградба на кружен тек

    07.06.2013 10:48 | KumanovoNews

     Општината Куманово ја подржува иницијативата на граѓаните за поставување на лежечки полицајци на булеварот Октомвриска револуција и најавува ревизија на проектот на „црната„ раскрсница, доколку за тоа постојат законски можности.

    Градоначалникот дава подршка за изградба на кружен тек

    Иницијативата jа покренаа граѓаните на социјалните мрежи  по сообраќајната несреќа во недела во која две девојчиња беа прегазени, а едното од нив почина.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски жали за изгубениот млад живот и бара од сообраќајната полиција да преземе поголеми мерки за воведување на сообраќајниот ред во градот.

    Идејата за изградба на нова раскрсница со кружен тек ќе го разгледаме и ќе го поставиме на маса. Ако има можности општината ќе се заложи во наредниот период тој проект да го имплементира. Што се однесува до поставување на препреки на патот или т.н. лежечки полицајци, незнам дали е дозволено тие да се поставуваат на булевари. Меѓутоа следејќи ја иницијативата на граѓаните ние ќе направиме елаборат и ќе го поднесеме до МВР за поставување на препреките со бекатон, кои ќе го успорат движењето на возилата. Доколку добиеме дозвола веднаш ќе ги поставиме на критичните места.-изјави Дамјановски.

    Градоначалникот објаснува дека во првичниот проект пред 15 години, било предвидено на раскрсницата на булеварите Трета МУБ и Октомвриска револуција да се изгради кружен тек, но проектанти и ревизори дале негативно мислење, и предложиле изградба на раскрсница со светлосна сигнализација.

    Тоа се двосмерни булевари кои се составуваат под доста остри агли и кружниот тек требаше да завршува некаде во коритото на реката Кумановка. Тоа беше неизводливо затоа што требаше да се помести коритото на реката, да се изгради нов мост и да се изврши експропријација на приватно земјиште. Од овие причини ни беше сугерирано, раскрсницата да се направи со светлосна сигнализација.  Знам дека граѓаните се незадоволни од нејзината поставеност бидејќи е доста комплицирана, но тоа беше сообраќајно решение од проектантот кое ние го прифативме- вели Дамјановски.

     Градоначалникот апелираше до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја прилагодат брзината кон условите на патот, бидејќи ако тоа не го сторат,  нема да има  никакви ефекти ни доколку се воведат новите сообраќајни решенија.