×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот ги прими најдобриот полицаец и пожарникар

    29.12.2015 12:50 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска им врачи пригодни подароци, на најдобриот полицаец за 2015 година, Виктор Христовски од СВР Куманово и најдобриот пожарникар, Митко Колевски од Територијалната противпожарна единица Куманово.

    Градоначалникот ги прими најдобриот полицаец и пожарникар

    Тие се предложени од колегите каде работат за избор на најдобар полицаец и пожарникар. Градоначалникот им ги врачи часовниците, и рече дека се најзаслужни за безбедноста на граѓаните. Традиционално 11-та година по ред од општината даваат скромни награди за најдобрите во овие сфери.

    Луѓе кои даваат најголем придонес граѓаните да бидат мирни, да спијат мирно, да имаме безбедност. Тоа е една заслуга на граѓаните кон нив и по тој повод се доделува награди на најистакнат работник во МВР и во Противпожарна единица. Од моето име, од името на граѓаните и локалната самоуправа ви изразувам голема благодарност за вашата пожртвувана работа - изјави градоначалникот.

    Христовски кажа дека 17 години работи како полицаец и за него е голема чест што добива вакво признание. Рече дека понатаму ќе се труди да биде што поуспешен во својата кариера.

    За секој полициски службеник ова е голема чест. Со правилно професионално работење и постапување, рамноправно кон сите учесници во сообраќајот, бидејќи работам во Полициска станица за безбедност во сообраќај, очекувам успех и уште повеќе ќе успеам во кариерата - рече Христовски.

    Пожарникарот Колевски вели дека работат тимски и дека сите негови колеги се посветени и ја заслужуваат оваа награда.

    Било кој да ја добие оваа награда би бил благодарен. Тоа е еден поттик за понатамошната работа, работиме тимски. Секој сам не може да ја заврши работата, ако еден на друг не си помогнеме. Триесет години ефективно работам. Имаме околу 470 пожари оваа година досега и успешно се справуваме - рече Колевски.

    Пожарникарот вели дека оваа година интервенирале при поплави, незгоди, пожари и слично.