Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска го посети основното училиште “Јероним Де Рада“ во Черкезко село, за да им ја честита титулата државни прваци во фудбал на учениците и да им посака успех на Балканското првенство во Драч, Албанија.
Локалната самоуправа како основач на ова училиште дава поддршка на овој тим, кој на 25 оди во Драч, на Балканско првенство каде ќе престојува седум дена. Во Куманово последнава деценија стагнира фудбалот како спорт, меѓутоа овие млади луѓе даваат надеж. Локалната самоуправа ќе помогне во рамки на своите можности, пред се преку Општински сојуз на спортови и Фондацијата за спорт и култура - изјави Дамјановски.
Директорот на училиштето, Хакик Јахија објаснува дека ова за нив е голем успех, а на Балканското првенство ќе има фудбалски екипи од БИХ, Косово, Албанија, Хрватска.
Им се заблагодарувам на градоначалникот и на советниците Фериз Дервиши и Ридван Асани што дојдоа и што ни дадоа поддршка. Нашиот тим брои 17 деца. На општинско ниво во Куманово од 16 училишта добивме прво место, во Кратово исто, во Кочани меѓу четири училишта прво место и во Општина Аеродром прво место - вели Јахија.
Професорот по физичко Ружди Селмани вели дека немаат идеални услови за спортување. Игралиште има во школскиот двор, во селото нема, но учениците го сакаат спортот и даваат резултати. Тие се надеваат на добар пласман во Албанија.