×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот на Куманово најменаџер во регионот

    28.06.2010 09:06 | KumanovoNews

      Агенцијата за избор на менаџери во Југоисточна и Средна Европа  секоја година спроведува истражување во регионот и на основа на тоа прогласува најуспешни менаџери, градоначалници и луѓе кои со својата работа дале придонес за развој на регионот.

    Градоначалникот на Куманово најменаџер во регионот

     Градоначалнокот на Куманово Зоран Дамјановски е избран за најдобар менаџер во регионот од страна на Агенцијата за избор на менаџери во Југоисточна и Средна Европа со седиште во Зеница, Босна и Херцеговина.  Без да знае дека воопшто е номиниран, градоначалникот известувањето за наградата го добил на почеток на месецов, а престижното признание треба да го прими на 1 јули во Сараево на церемонија што се организира по тој повод.

    Дирекција секоја година спроведува истражување во регионот и на основа на тоа прогласува најуспешни менаџери, градоначалници и луѓе кои со својата работа дале придонес за развој на регионот.

    Оваа година и нашот град имаше чест да влезе во тој избор,а јас да ја добијам наградата за нај менаџер во регионот. Бев пријатно изненаден од признанието и се подготвувам да заминам во Сараево на 1 јуни да ја примам-вели Дамјановски.

     Една од причините поради кои кумановскиот градоначалник го доби ова признание е зачленување на Куманово во асоцијацијата „Носители на порака на мирот„.На 3 мај годинава во Њујорк, градоначалникот Дамјановски и секретарот Оливер Спасовски беа примени од генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, каде што ги предале Декларацијата и Повелбата на мир на општините, на новите членки на Асоцијација за промовирање на мирот во светот.

    Признанието за нај менаџер од регионот досега ги добиле градоначалниците на Љубљана, Загреб, Нови Сад и други.