×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот подели пакетчиња на децата без родители

    28.12.2015 13:25 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска во општинaта подели пакетчиња на децата без родители и родителска грижа и децата сместени во згрижувачки семејства.

    Градоначалникот подели пакетчиња на децата без родители

    Новогодишни пакетчиња добија 37 деца, а воедно градоначалникот им ги честиташе празниците со желби за здравје, среќа , успех во 2016 година.

    „Благодарение на овие луѓе, овие деца се згрижени и се ставени во рамка на организирано воспитување, во системот на општината, односно државата. Овој пат со нив прво почнуваме, и од мое има многу здравје, среќа на вас и на оние кои се грижат за вас. Ако ги нема нив работите ќе одат многу потешко, да се видиме и догодина со насмевка“- изјави градоначалник.

    Наџије Мустафа, координатор на оддел за деца без родители  од Центарот за социјални работи Куманово, објасни дека секоја година традиционално овие деца добиваат пакетчиња од општината. Таа вели дека има 7 згрижувачки семејства во општината и 15 деца што се без родители и родителска грижа и околу 20 деца сместени кај блиски роднини.

    „Денеска 37 деца примаат пакетчиња што се во згрижувачки семејства и оние кои ги чуваат блиски роднини, баба, дедо,  тетка. Ова за децата значи многу. За овие деца секое нешто и малку да е за нив значи многу“- рече таа.

    Наџије Исеновска е меѓу најстарите згрижувачи во Куманово. Таа деца згрижува од 2004 година па наваму иако има две свои деца. Згрижува деца затоа што сака да им помогне, да им пружи љубов, внимание, да ги воспита, а дополнителен мотив и е помошта од државата.

    „Деца имам над 10 чувано. Ќе ги замолам сите кои имаат големи деца, внуци, да земат да си чуваат. Тоа е хумано, добро да направиме за овие деца, да им дадеме топол дом. Да не бидат по улици, да знаат каде им е домот. Јас не можам да седам без нив. Да ми дадат уште 5, 10 деца, јас ќе ги чувам“- рече Исеновска.

    На децата подароци и пакетчиња  им врачи Дедо Мраз.