Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово од синоќа остана без вода за пиење. Граѓаните кои добиваат вода од главниот вод, повеќе од 12 часа се соочуваат со недостиг на вода.
Од ЈП „Водовод„ велат дека целосно е запрен дотурот на вода од липковските акумулации до Филтер станицата, поради што нема испораката на вода во градот. Тие претпоставуваат дека водата ја затвориле од Водостопанство Кумановско-липковско поле. Нивните екипи не откриле дефект на цевководот.
Од водостопанство пак тврдат дека тие не ја исклучиле водата и дека испораката оди според предвидената динамика како и во предходниот период, а проблемот го лоцираат во Водовод.
Градоначалникот и координаторите на советничките групи предпладне ќе одржат состанок за новонастата состојба, а ќе бидат повикани и раководствата на двете водоснабдителни претпријатија.
Ова не е првпат градот да остане без вода и преку грбот на граѓаните да се решаваат нерасчистените сметки на претпријатијата. Проблемот со водоснабдувањето оваа зима е присутен секојдневно во повисоките зони поради праните брани, но за првпат градот остана без вода и во ноќните часови.