×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градот го прослави Денот на Европа

    09.05.2012 11:20 | KumanovoNews

    По повод Денот на Европа, денеска на Градскиот плоштад беше отганизирана богата културно-уметничка програма.

    Градот го прослави Денот на Европа

    На четири штандови се презентираат културите на Германија, Романија, Бугарија и Грција. Овие креативни активности ги организираа членовите на Центарот за меѓукултурен дијалог.

    Ова е петта година по ред како локалната самоуправа ги поддржува активностите кои ги прави невладината Центар за меѓукултурен дијалог. Има плејада на идеи. Оние кои мислат добро на оваа држава и на овој град треба да ја поддржат оваа опција како доминантна и да ја прифатат како своја - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    На хепенингот присуствуваа и претавници на грчката и бугарската амбасада. Се делеа брошури за основањето и проширувањето на ЕУ.

    Оваа заедница во 1957 година имала шест членки. Во 1973 година кон нив се приклучија уште три земји и тоа Данска, Ирска и Обединетото Кралство. Во 1981 кон ЕУ пристапи и Грција. Во 1986 Португалија и Шпанија влегоа во европската заедница. Во 1995 Австрија, Финска и Шведска станаа членки. Најголемо проширување имаше во 2004 кога ЕУ доби 10 нови членки. Денес 27 земји се дел од ЕУ.

    Празнувањето на градскиот плоштад продолжи со музика. Основците делеа знаменца со сина боја и со знакот на Европа.